Утрински Весник
Спорт

Прв голем трансфер на Лампард: Челзи го договори Зијех за 45 милиони евра

Прв голем трансфер на Лампард: Челзи го договори Зијех за 45 милиони евра

Лондон, 12 февруари 2020 (МИА) – Челзи тргна во акција по освежувања на ростерот, откако истече забраната за трансфери, а првиот договор падна во Холандија. Весникот „Телеграф“ тврди дека лондонските „сини“ постигнале усен договор со напаѓачот на Ајакс, Хаким Зијех.

За реализација на трансферот ќе мора да се почека крајот на сезоната и летниот преоден рок, а Ајакс по основ на обесштетување за 26 годишниот марокански фудбалер ќе добие 45 милиони евра.

Зијех е меѓу „копјаниците“ од Амстердам од 2016 година кога пристигна од Твенте за 11 милиони евра. сѓд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Влаховиќ го напушти Јувентус и потпиша за Бешикташ

Халанд и Меси на пакети кокаин: Полицијата заплени 369 килограми дрога

Нов македонски рекорд на 200 метри слободно – Ѓуретановиќ испиша историја