Утрински Весник
Спорт

По 74 години Брентфорд повторно е во елитата во Англија

По 74 години Брентфорд повторно е во елитата во Англија

Фудбалерите на Брентфорд се нови премиерлигаши. Популарните „пчели“ денеска на „Вембли“ со 2-0 славеа во бараж дуелот со Свонси и по цели 74 години обезбедија пласман во елитата.

И минатата сезона беа близу до ваков потфат, но тогаш во финалето загубија од Фулам.

Тимот од Престон дилемите околу победникот ги реши во 10 и во 20 минута.

Најпрво беше досуден пенал поради прекршокот на голманот Вудман на Рис. Шансата во гол ја претвори Иван Таун.
Само 10 минути подоцна преку контранапад со голот на Емилијано Маркондес беа поставени конечните 2-0.

Екипата од Велс не успеа да упати ниту еден удар во рамките на голот на противникот.

> По 74 години Брентфорд повторно е во елитата во Англија <

Можете да прочитате

Норвешкиот лизгач Ејтрем победи на трката на 5.000 метри на Олимписките игри во 2026 година

ЗОИ 2026: Лолобриџида го освои олимпиското злато на 3.000 метри на својот роденден, поставувајќи рекорд на Игрите

Мбапе испрати извршител до ПСЖ да си го наплати долгот