Утрински Весник
Магазин

По принцот Чарлс, и Камила позитивна на Ковид-19

По принцот Чарлс, и Камила позитивна на Ковид-19

Војвотката од Корнвол Камила Паркер Боулс е позитивна на тестот за коронавирус само неколку дена откако нејзиниот сопруг, принцот Чарлс, доби позитивен тест.

Принц и Камила моментално се во самоизолација, пишува Би-би-си.

„Војвотката од Корнвол е позитивна на Ковид-19 и моментално е во изолација. Таа се придржува до сите мерки“, рече портпаролот на „Кларенс Хаус“.

Камила е вакцинирана со три дози, а сега е заразена првпат, додека ова е вторпат за Чарлс да е е позитивен на коронавирус. Бакингемската палата соопшти дека кралицата Елизабета досега немала никакви симптоми на болеста, но одби да потврди каков бил нејзиниот тест.

Можете да прочитате

Тешко будење, пад на концентрацијата и попладневен замор – што ни носи есента?

Парите конечно доаѓаат: Четири хороскопски знаци ги чека финансиски пресврт по 26 септември

Дневен хороскоп за 23 Септември 2026 година