Утрински Весник
Спорт

По поразот од Реал, тројца „црвени“ мета на расисти!

По поразот од Реал, тројца „црвени“ мета на расисти!
Dik 300x250 mk

Ливерпул синоќа со 3-1 беше поразен во Мадрид кај Реал во првиот четвртфинален меч од Лигата на шампионите. Веднаш по мечот тројца црномурести фудбалери од гостинскиот состав биле мета на расистички напади.

На Инстаграм се огласија Трент-Александер-Арнолд, Наби Кеита и Садио Мане, а поединци во коментари им испратиле емотикони во форма на мајмуни.

Веста ја објави „Sky Sports“, а од социјалната мрежа Фејсбук која е сопственик на Инстаграм соопштија дека ќе истражат што точно се случило, а расистите ќе ги санкционираат.

Со соопштение се јавија и од фудбалскиот клуб Ливерпул:

„Уште еднаш, за жал, зборуваме за расно злоставување утро по фудбалскиот меч. Тоа е крајно неприфатливо и мора да престане. Ливерпул осудува секаков облик на дискриминација и продолжува да соработува со нашите инклузиски партнери. Како клуб, на нашите играчи ќе им ја дадеме комплетната поддршка која ќе им треба, а со властите ќе соработуваме за да ги идентификуваме одговорните“ – се вели меѓудругото.

> По поразот од Реал, тројца „црвени“ мета на расисти! <

Можете да прочитате

Интер и Милан официјално сопственици на „Сан Сиро“

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс