Утрински Весник
Магазин

Почина Оливија Њутн-Џон, ѕвездата на „Брилијантин“

Dik 300x250 mk

Пејачката и актерка Оливија Њутн-Џон, која во 1970-тите и 1980-тите се искачи на врвот на светските топ листи за поп музика со хитови како I Honestly Love You и Physical и глумеше во филмскиот мјузикл „Брилијантин“, почина во понеделникот на 73-годишна возраст во својот дом во Јужна Калифорнија.

dobivaj vesti na viber

Смртта на пејачката родена во Британија, а израсната во Австралија, беше објавена на нејзиниот профил на Инстаграм, каде стои дека таа починала во својот дом опкружена со семејството и пријателите.

Њутн-Џон, четирикратна добитничка на „Греми“, во 2017 година откри дека рецидив на рак на дојка метастазирал и се проширил на долниот дел од грбот, принудувајќи ја да ги откаже настапите.

Можете да прочитате

Дали треба да ја покриете супата додека готвите? Готвач ги откри сите тајни за совршен вкус!

Листа од 40-те најголеми умови во историјата – листа што го воодушеви светот, но и предизвика полемики

Избегнувајте прекумерно трошење: Дневен хороскоп (03.11.2025)