Утрински Весник
Македонија

Поставени заштитни огради на тротоарите на штипскиот булевар „Гоце Делчев“

Поставени заштитни огради на тротоарите на штипскиот булевар „Гоце Делчев“

Штип, 13 февруари 2020 (МИА) – Со поставувањето заштитни огради на тротоарите на штипскиот булевар „Гоце Делчев“ решен е деценискиот проблем на булеварот каде што постојано имаше сообраќајни несреќи, а лани на пешачки премин загина и средношколец пред Средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“.

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, општинскиот сообраќаен инспектор Оливера Блажева и директорот на СОУ „Коле Нехтенин“, Дејан Павлов на денешната прес-конференција истакнаа дека со оваа инвестиција е зголемена безбедноста на пешаците, кои се насочуваат кон пешачките премини, а автомобилите се спречени да ги паркираат возилата на тротоарите.

-Деновиве гледате дека масовно поставуваме заштитни огради и столбчиња на тротоарите со што ќе се стави ред и ќе се знае што значи тротоар за пешаци, а што коловозна лента за возачите. Токму поради тоа сите оние критични крстосници каде што се паркираа возила и ја намалуваа прегледноста веќе ги означуваме и тие се посочени од страна на сообраќајниот инспектор, вели Бочварски.

Општинскиот сообраќаен инспектор, Блажева истакна дека вакви заштитни огради ќе се постават и пред петте основни училишта во градот, за поголема безбедност на учениците при преминување на улиците, кои се до нивните училишта.

Директорот на СОУ „Коле Нехтенин“, Павлов забележа дека откако е изграден новиот кружен тек и се поставени  вибрационите ленти и „лежечките полицајци“ на булевраот „Гоце Делчев“, но и со поставување на овие огради е зголемена безбедноста на учениците. вдј/вг/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тешка сообраќајка вечерва во Кисела Вода

Мицкоски: Германија останува наш сојузник и силен подддржувач

Нови детали: Затвореник вечерва пукал кон член на групата Грчец