Утрински Весник
Свет

Поради педофилија, папата испраќа контрола во најголемата германска надбискупија

Поради педофилија, папата испраќа контрола во најголемата германска надбискупија

Папата Франциско испраќа контрола во најголемата германска надбискупија во Келн поради долгогодишните проблеми со скандалите околу сексуалното злоставување на малолетници, објавено е во петокот.

„Претставниците на Светата столица ќе се обидат да создадат детална слика за комплицираната пасторална ситуација во Келн во првата половина на јуни. Тие ќе ги испитаат можните грешки на кардиналот Рајнер Марија Воелки”, се вели во соопштението од канцеларијата на папата Франциско.

Архиепископот во Келн, кардиналот Рајнер Марија Воелки, со месеци беше на удар на критики поради неговиот став спрема процесот на расветлување на случаи на сексуална експлоатација на деца, спроведен од свештенството во таа надбискупија.

Воелки најпрво со месеци го спречуваше објавувањето на првиот стручен извештај на оваа тема, повикувајќи се на правни сомневања, а потоа нареди и второ вештачење.

Второто вештачење не го оптоварува Воелки, туку другите двајца епископи кои биле активни во надбискупијата во Келн за време на извршувањето на делата против малолетниците.

Кардиналите Андерс Арборелиус од Стокхолм и Јоханес ван ден Хенде од Ротердам беа избрани за контролори за да ја испитаат ситуацијата во Келнската надбискупија.
Келнскиот надбискуп Воелки го поздрави нивното доаѓање.

„Го поздравувам фактот дека со оваа посета, папата Франциско сака да создаде свој лик за независно истражување за настаните во Келнската надбискупија“, рече Воелки.

Тој изјави дека уште во февруари, детално го информирал папата за резултатите од вештачењето.

Келнската надбискупија, и покрај стручното мислење со кое се отстранува вината од сегашниот архиепископ, со месеци е во криза, што се рефлектира во голем број оставки од редовите на Католичката црква.

Можете да прочитате

Ураганот Милтон носеше се пред себе – најмалку 16 жртви

Службеници на грчкиот остров Крф изнудувале пари од граѓани и бизнисмени

Се запали танкер во Балтичко море – ова се првите слики од пожарот