Утрински Весник
Магазин

Поради корона-пандемијата, сите германски хотели се затворени, освен еден

Поради корона-пандемијата, сите германски хотели се затворени, освен еден

Гармиш-Партенкирхен, 25 март 2020 (/) – Сите германски хотели се затворени поради пандемија со коронавирусот… Освен еден. Тајландскиот крал Маха Вајиралонгкорн и неговата придружба, неколку жени и слуги добија специјална дозвола да се засолнат во хотелот Гранд Соненбикл, којшто се наоѓа на падините на Алпите во јужна Германија.

Властите во Гармиш-Партенкирхен потврдија дека хотелот добил посебно одобрение за сместување истакнати гости.

– Тие се единствена хомогена група луѓе кои не се движат никаде, истакна официјален претставник на градските власти.

Тајландскиот крал (67) ја сака Баварија и честопати ја посетува. Меѓу другото, тој поседува и вила на езерото Старнберг. Последниот пат, не ја напуштил земјата поради ширењето на коронавирусот и останал заглавен во Германија.

Поради ова, тој е критикуван на интернет од своите сонародници Тајланѓани кои живеат во странство, но не и од оние во татковината. Во Тајланд, навредите кон кралот се незаконски казниви.  си/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хороскопски знаци кои никогаш не се задоволни, секогаш бараат „повеќе“

Како правилно да ги перете патиките во машина без да ги оштетите

„Гугл“ воведува измени за корисниците на „Џимејл“