Утрински Весник
Македонија

Полицијата добила дојава дека ќе експолдира бомба при посетата на Фон дер Лаен

Полицијата добила дојава дека ќе експолдира бомба при посетата на Фон дер Лаен

Лажна дојава за бомба имало пред денешната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен и нејзината средба со премиерот Зоран Заев, соопштија од МВР.

„Денеска во Скопје полициски службеници го приведоа И.М., кој во 10.32 часот во СВР Скопје телефонски пријавил дека при посетата на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лаен, ќе биде активирана експлозивна направа пред зградата на Владата“, информираат од полицијата.

Од таму додаваат дека преземени биле потребните мерки и активности и утврдено било дека пријавата е лажна.

Лицето е приведено и задржано во полициска станица за натамошна постапка, по насоки на јавен обвинител.

Од МВР посочуваат дека лажната пријава нема да влијае на посетата на претседателката на ЕК и нејзините активности продолжуваат по планираната агенда.

Можете да прочитате

Од понеделник времен режим на сообраќај на патот Градско – Дреново поради изградба на клучката Дреново

Честитка на министерот Минчев по повод Денот на Републиката

Мицкоски: Илинден нè обединува околу идејата за држава што ги надминува поделбите