Утрински Весник
Спорт

Поддршка за Данецот – фановите на Интер го скандираа името на Кристијан Ериксен

Поддршка за Данецот – фановите на Интер го скандираа името на Кристијан Ериксен

Официјално започнаа подготовките за новата сезона во италијанскиот шампион Интер. Фудбалерите им отпоздравија на насобраните навивачи, а од нивните грла ечеше името на данскиот фудбалски интернационалец – Кристијан Ериксен.

Ериксен доживеа срцев удар на дуелот на ЕУРО 2020 против селекцијата на Финска, но за среќа го преживеа и по хоспитализацијата, замина во својот дом во татковината.

Иако се уште не е прецизирано дали тој ќе може продолжи со фудбалот, фановите на „Нероазурите“ искажаа поддршка за својот играч.

Сезоната во Италија почнува на 22. август.

> Поддршка за Данецот – фановите на Интер го скандираа името на Кристијан Ериксен <

Можете да прочитате

Македонија домаќин на Светското училишно првенство во ракомет 2026

Скопје домаќин на олимписки G1 таеквондо спектакл

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026