Утрински Весник
Македонија

Пешак загина во Ѓорче Петров по удар од автомобил

Возач со автомобил марка „Ауди“ прегази пешак кај Општината Ѓорче Петров, дознава „Макфакс“.

На оваа локација има раскрсница како и пешачки премини. Според првичните информации, пешакот починал на лице место. Нема детали околу неговата возраст, ниту како се случила несреќата.

На терен се излезени и екипи на полицијата. Присутна е Брза помош, со обид да го реанимира пешакот, но неуспешно. Првичните информации говорат дека е известен и јавен обвинител.

Можете да прочитате

ЦУК: Внимателно движење покрај реките и суводолиците во текот на наредните денови

Тепачка во угостителски објект во Карпош

Мицкоски: Ако нема основа за поскапување на лебот ќе следат казни