Украина прави се за да избегне спроведување на обврските од договорите од Минск, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
„Всушност, нема потреба да се комплицира целта, а целта е да се обезбеди спроведување на пакетот мерки од Минск, бидејќи ги содржи обврските на страните. Ова е целта“, изјави Песков на прес-конференција,јави руската агенција ТАСС.
Тој, сепак, додава дека преговарачите досега не можеле да се приближат до постигнување на оваа цел, коментирајќи ја последната рунда преговори меѓу Нормандиската четворка.