Утрински Весник
Македонија

Пендаровски – Штајнмајер: Почетокот на преговори позитивно ќе влијае на севкупната општествено-политичка клима

Пендаровски – Штајнмајер: Почетокот на преговори позитивно ќе влијае на севкупната општествено-политичка клима
Dik 300x250 mk

Претседателот Стево Пендаровски, за време на посетата на САД по повод неговото учество на 76. Генерално собрание на Обединетите нации, во Њујорк се сретна со претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмајер.

„Двајцата претседатели разменија мислења и информации за актуелните состојби во двете држави. Претседателот Штајнмајер изрази најдлабоко сочувство за трагедијата во тетовската модуларна болница“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.

Македонскиот претседател упатил благодарност до претседателот Штајнмајер за неговите лични напори и ангажман, како и за континуираната германска поддршка за нашата европска интеграција.

Претседателот Пендаровски нагласил дека градењето на пријателски релации со Германија, основани на искрен и доверлив пристап, се од исклучително значење за Република Северна Македонија.

„Во тој контекст, соговорниците разменија мислења и информации за најновите случувања поврзани со нашата европска интеграција и констатираа дека отпочнување на пристапни преговори на Северна Македонија со Европската Унија позитивно ќе влијае на севкупната општествено-политичка клима кај нас и ќе значи дополнително стабилизирање на состојбите и просперитет на регионот. Соговорниците разменија мислења и информации за последните случувања во регионот на Западен Балкан“, се наведува во соопштението.

Можете да прочитате

За Мицкоски предвремените избори се непотребни, но на oпозицијата и’ порача: „Внимавајте што посакувате, може ќе ви се исполни“

Пред ДИК протест за поддршка на првиот градоначалник Албанец на Чашка (ВИДЕО)

Насилство во Аеродром: Партнер на вработена го нападнал нејзиниот колега во спортска обложувалница, заврши со оштетено возило и повреди