Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Партијата на пензионери бара вклучување во дијалогот за зголемување на пензиите

Партијата на пензионери бара вклучување во дијалогот за зголемување на пензиите
Dik 300x250 mk

Партијата на пензионерите изрази заинтересираност и бара вклучување во отворениот дијалог за новата методологија за зголемување на пензиите кој го најави Владата.

„ Како партија ја поддржуваме иницијативата на Премиерот Димитар Ковачевски и Владата за разговор со пензионерските здруженија, надлежните институции и останатите засегнати страни по ова прашање. Уверени сме дека, само на тој начин, може да се дојде до заедничко решение кое овозможува долгорочно и одржливо зголемување на пензиите, а со тоа и подобрување на животниот стандард на сите пензионери во земјата.

Покрај финансиската поддршка која Владата ја обезбеди, во 2021 година, за пензионерите со ниски примања, како дел од ранливите категории граѓани, ја поздравиме и подржуваме најавата за доделување еднократен пакет финансиска помош во следниот период на сите пензионери, со цел полесно справување со економската и енергетската криза“ велат од партијата.

Можете да прочитате

Филипче повика на масовна излезност: Се бориме за вредности, за домот и иднината на Македонија

Во Штип отворeн Дино парк – нова атракција за деца и љубители на праисторијата

Филипче: На изборите се враќа силата на народот, се враќа СДСМ