Утрински Весник
Македонија

Откриени 25 мигранти на автопатот Велес-Скопје

Откриени 25 мигранти на автопатот Велес-Скопје
Dik 300x250 mk

Скопје, 5 јуни 2020 (МИА) – Вкупно 25 мигранти се пронајдени рано утринава во четири часот во три патнички возила на автопатот Велес-Скопје, после пунктот на „Македонија пат“.

Возилата биле со скопски таблички, а едното од нив марка „мерцедес“ било превретено.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека возилата биле забележани кај Демир Капија и не застанале на даден знак за запирање по што продолжиме кон Скопје.

Во разговор со полициските службеници, мигрантите појасниле дека биле симнати од трите возила.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес и се преземаат мерки за расчистување на случајот. бак/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пецаков прогласи победа во првиот круг и втор градоначалнички мандат во Охрид

Првични резултати на ДИК: ВМРО-ДПМНЕ води во 52 општини, ВРЕДИ во девет, СДСМ во седум, НАИ во шест, а ДПТ во една

Во Центар Жупа не е обезбеден потребниот цензус