Утрински Весник
Свет

Оставките на Петков и бугарската Влада во понеделник

Оставките на Петков и бугарската Влада во понеделник

„Во понеделник наутро ќе поднесеме оставка“ изјави премиерот Кирил Петков, чиј кабинет падна по вчерашното гласање, пренесува „БГНЕС“.

За недоверба на владата предводена од Петков гласаа 123 пратеници, против се 116, воздржани немаше.

Гласањето го поднесе ГЕРБ поради економските неуспеси на Владата.

Петков престојува во Брисел каде што учествува на Самитот на лидерите на Европската Унија и Западен Балкан. Коментарот тој го даде пред бугарските новинари кои го чекаат.

Шефот на државата ги започна консултациите со пратеничките групи за врачување на мандатот за формирање нова Влада откако премиерот ќе поднесе оставка од актуелната влада во Националното собрание.  Постапката е во согласност со чл. 89 од Уставот.Кирил Петков веќе неколку пати изјави главниот состав на новата Влада ќе биде ист.

 

Можете да прочитате

(Видео) Пукање на парада во САД, има мртви

Рама: Три години организираме свадба и чекаме да дојде невестата од Брисел, но таа не доаѓа

(Видео) Борбени авиони пресретнаа авион полн со патници