Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Окон без пит-стоп ја заврши трката во Турција

Окон без пит-стоп ја заврши трката во Турција
300x250 opst2

Естебан Окон, возачот на Алпин, без пит-стоп ја заврши вчерашната трка за Големата награда на Турција. Ваков случај имало и пред 24 години, во Монако, кога за Тирел возеше Финецот, Мика Сало.

Големата награда на Турција ја обележа дождот, поради што возачите возеа со интер-медиа пневматици. Сите ја завршија трката, а само Окон, ниту еднаш не ги посети своите механичари. Окон на крајот го освои десеттото место.

Големата награда на Турција му припадна на Валтери Ботас од Мерцедес, пред возачите на Ред Бул, Макс Ферстапен и Серхио Перез.

> Окон без пит-стоп ја заврши трката во Турција <

Можете да прочитате

Федерер, Дел Потро и Кузнецова номинирани за влез во тениската Куќа на славни

Синер го победи Тинг во два сета во финалето во Пекинг

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН