Утрински Весник
Македонија

ОВР Кичево поднесе кривични пријави против двајца кичевци

ОВР Кичево поднесе кривични пријави против двајца кичевци
Dik 300x250 mk

Кичево, 24 јуни 2020 (МИА) – ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.Н.(49) и Б.С. (37) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информира портпаролот Стефан Димоски.

Тој појасни дека Б.Н. на 6 јуни во 18:15 часот бил затекнат на булевар „Ослободување“ во Кичево, додека пак Б.С. на 7 јуни бил затекнат на улица „Мехмед Мехмеди“ и при извршена контрола кај двајцата, полициските службеници констатирале дека немаат соодветна дозвола за движење издадена од надлежен орган. рз/мс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Руте: Агресијата на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

Галетановски поднел оставка од функцијата шеф на Градска организација на СДСМ

Мицкоски очекува околу 130.000 гласа за Орце Ѓорѓиевски во вториот круг