Утрински Весник
Македонија

Објавен јавен повик за поддршка на проекти на организации кои работат во областа на социјална, детска и здравствена заштита

Објавен јавен повик за поддршка на проекти на организации кои работат во областа на социјална, детска и здравствена заштита
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Град Скопје го објави Јавниот повик за поддршка на проекти и програмски активности на организации кои работат во областа на социјална, детска и здравствена заштита за 2022 година.

Во рамките на овој повик, проектите кои ќе бидат поддржани од страна на Градот Скопје, треба да се однесуваат на приоритетите дефинирани во Програмата за активностите во областа на социјална, детска и здравствена заштита во град Скопје за 2022 година, и тоа:

1. Остварување социјална заштита на лица со попреченост

2. Остварување социјална заштита на лица кои употребуваат дроги

3. Општествено вклучување и социјални услуги за ранливите категории на граѓани

4. Еднакви можности на жените и мажите, недискриминација, поттикнување и развој на лични и општествени вредности

5. Унапредување на здравствена заштита

Јавниот повик, пријавата за финансиска поддршка на организациите, како и образецот за предлог – проект се достапни на следната интернет врска – https://skopje.gov.mk/mk/apliciraj/javni-povici/

Крајниот рок за поднесување на пријавите е 23.02.2022 година, до 15:00 часот.

Можете да прочитате

Ограбена аптека на Бит пазар

Младо момче тешко повредено откако излетало од коловоз во скопско Ново село

Манасиевски: Мали Фрчко – новото лице на Филипче, кадар на уништениот систем