Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Ноќеска гореа оризовите полиња во Кочани

Ноќеска гореа оризовите полиња во Кочани
300x250 opst2

Запалени стрништа со ожнеани оризови ниви синоќа го осветлија влезот на Кочани. Нивите гореа и покрај тоа што дуваше силен ветер, со опасност лесно да излезе од контрола.

Навиката да се палат стрништа пo завршувањето на сезоната не е заборавена и оваа година. Кочанчани реагираат дека чадот од запалените остатоци од оризовите насади само ја усложнуваат еколошката состојба и изразеното аерозагадување.

„Очекуваме транспарентно инспекторите да излезат и да соопштат кои ниви и парцели се запалени и чии се овие ниви, какви казни се пропишани за оваа животозагрозувачка ситуација, побара Ана Симонова од здружението „Грин Орг Ко“ од Кочани.

Граѓаните потсетуваат дека инспекторите не можат да се оправдаат дека во широкото кочанско поле не можат да утврдат чија е одговорност за запалените ниви. Дури и ако не знаат во моментот, има ГИС систем кој може точно да покаже чија сопственост е парцелата, реагираат граѓаните.

Земјоделските експерти укажуваат дека при палењето на стрништата почвата ја губи плодноста, а со тоа органскиот дел, хумусот и азотот, и ги намалува приносите.

Бурни се реакциите на јавноста, бидејќи палењето се случува само три дена по организираниот протест против аерозагадувањето на граѓаните на Кочани, кои како виновник ја посочија компанијата „Пејпер Мил“. Таму за денеска беше најавено мерење на загадувањето, чии резултати треба да ја решат судбината на компанијата.

Извор: meta.mk

Можете да прочитате

Филипче од Битола: Економијата е заглавена, инфлацијата галопира – Мицкоски ја влече државата назад

Филипче од Битола: Оваа власт не ги решава проблемите на луѓето туку ги игнорира

Филипче од Ресен: На 19 октомври масовно излезете на изборите, заедно да ја вратиме надежта