Утрински Весник
Македонија

Новиот реис на ИВЗ заразен со коронавирус

Новиот реис на ИВЗ заразен со коронавирус

Новиот поглавар на исламската верска заедница, Шаќир Фетаху, е позитивен на коронавирусот.

Фетаху преку „Фејсбук“ информираше дека состојбаата му е добра.

„Грижејќи се за моето семејство, моите соработници, како и сите верници и граѓани, решив да направам тест за Ковид-19. За жал, тој излезе позитивен. Во моментов сè е нормално и нема никакви проблеми ниту симптоми. Јас се придржувам кон прецизните медицински препораки и сум во домашна изолација. Таква е одлуката на Алах. Апелирам до сите граѓани да бидат внимателни и да се придржуваат кон препораките на надлежните органи“, напиша Фетаху на својата фејсбук страница.

ИВЗ вчера соопшти дека поради коронавирусот нема да се одржи традиционалната манифестација по повод Курбан Бајрам.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Царинa заплени 36 килограми марихуана и голема количина лекови

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на СВР Тетово       

Николоски: До 2026 година ќе имаме нови модерни гранични премини на Деве Баир и Ќафасан