Утрински Весник
Бизнис

Намален бројот на работници во индустријата

Просечното искористување на деловните субјекти во мај 69,6 отсто

Скопје, 28 јуни 2019 (/) – Бројот на работниците во индустријата во мај годинава во однос на мај  лани е намален за 2,5 проценти, а во периодот  јануари – мај годинава, споредено со истиот период минатата година за 0,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Бројот на работници во секторот Рударство и вадење на камен во мај  оваа година, во однос на мај минатата година, бележи пад од еден процент, во преработувачката индустрија пад од 2,7  проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 0,3  проценти.

Според главните индустриски групи, бројот на работници во индустријата во мај годинава, во однос на мај лани бележи пораст кај „Капитални производи“ за 2,4  проценти, а опаѓање кај „Енергија“ за 1,2  проценти, „Интермедијарни производи, освен енергија“ за 1,4  проценти, „Tрајни производи за широка потрошувачка“ за 5,8  проценти  и „Нетрајни производи за широка потрошувачка“ за  пет проценти.лв/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Мицкоски: Понудата за дупло поевтина струја сè уште стои

Бочварски: Обезбедивме дополнителни 1.550 транспортни дозволи годинава за транспортерите

(Видео) Коциќ: Сметките за струја на граѓаните ќе бидат субвенционирани со 80 отсто