Утрински Весник
Магазин

Модна недела во Њујорк: Бела и Џиџи Хадид заблескаа на модната писта

Модна недела во Њујорк: Бела и Џиџи Хадид заблескаа на модната писта
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот дизајнер Maјкл Корс ја претстави својата најнова колекција во рамки на Модната недела во Њујорк. Во неговите гламурозни парчиња прошетаа најголемите ѕвезди на модната индустрија – Бела Хадид, Џиџи Хадид, Емили Ратајковски, Ирина Шајк.

Бела Хадид и нејзината сестра Џиџи обично се во првиот ред на модните ревии со големи имиња. А овој пат, беа кралици на пистата и најголемите имиња во просторијата, коментираат таблоидите.

Бела и Џиџи ги претставија новите креации на Мајкл Корс во рамки на њујоршкиот моден настан во вторникот вечерта. Дизајнерот ги ангажираше врвните талент на манекенската индустрија да ја презентираат неговата колекција Ready-to-Wear за есен 2022 година.

На сестрите им се придружија супермоделите Емили Ратајковски и Ирина Шајк.

Можете да прочитате

Оскарите преминуваат на Јутјуб од 2029 година

Top casino games: Совети, класици и онлајн забава денес

Климатските промени предизвикуваат генетски промени кај поларните мечки