Утрински Весник
Македонија

Министерствата, Владата и општините со мало подобрување во транспарентноста

Министерствата, Владата и општините со мало подобрување во транспарентноста

Активната транспарентност на министерствата, Владата и на општините за 2021 година во однос на минатата година е подобрена за 5 процентни поени, односно од 58 % на 63 %, објави Центарот за граѓански комуникаци во редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност.

Како што се наведува, министерствата и Владата просечно објавуваат 79 % од потребните информации, што е минимално подобрување од ланските 77 % активна транспарентност, додека општините, петта година по ред, имаат помала активна транспарентност од министерствата, објавувајќи 60 % од потребните информации, но во однос на лани бележат пораст од 5,5 процентни поени.

За првпат откако се изработува индексот (од 2016 година наваму), дури две институции добиле максимални 100 %, односно ги објавуваат сите предвидени информации. Станува збор за Министерството за одбрана, кое и лани беше на првото место, и Општина Карпош, која лани беше трета.

Рангирањето покажува дека меѓу регионите, и годинава на прво место е Источниот Регион (со 74 % активна транспарентност), додека на последно останува Скопскиот Регион (со 49 %).

Најмалку информации министерствата објавуваат за финансиите (само 60 % од можни 100%), а општините за прашањата од нивна надлежност (42 % од можни 100 %).

„ На барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер што им беа испратени на сите во ист ден и со исто прашање, општините одговорија во просек за 17 дена (лани за 24 дена), а министерствата одговорија за 16 дена (лани за 26 дена). 39 % од институциите одговорија подоцна од законскиот рок, прекршувајќи го законот“ покажува извештајот.

Рангирањето е изработено во март 2021 година, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини.

Индексот на активна транспарентност се реализира во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

Можете да прочитате

Радмила Шеќеринска на прием кај претседателката Сиљановска Давкова

Силен ветер, со брзина од над 75 километри на час, го оштети покривот на средното електромашинско училиште во Штип

Силен ветер ја зафати и Битола: На неколку локации предизвикани штети