Утрински Весник
Македонија

МЗ: Започнa вакцинацијата на лица со ретки болести

Од понеделник масовна вакцинација против Kовид-19 во Словенија

Од министерството за здравство информираат дека од денеска започна вакцинацијата на лицата со ретки болести заведени во Националниот регистар за ретки болести.

Од таму појаснувааат дека се вакцинираат и родителите и старатели на малолетните лица од овој регистар кој има околу 60 различни дијанози на ретки болести.

Покрај овие лица, како што додаваат од здравство, ќе се вакцинираат и пациентите со Цистична Фиброза. Во оваа категорија ќе се вакцинираат и родителите и старателите на малолетните лица со Цистична Фиброза.

Според здравствените власти вакцинацијата ќе се изведува во наредните неколку дена на вакциналните пунктови во А1 Арена-СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Неделава завршува и вакцинацијата на околу 2000 пациентите кои се на дијализа, чекаат орган на листите за трансплантација, имаат трансплантиран орган или и самите се донори, известуваат од здравство.

Можете да прочитате

ПРОДОЛЖУВА СУШНИОТ ПЕРИОД: Во Македонија нов, но послаб топол бран!

Вечерва вооружено лице држи заложници, неофицијално има и мртви во Прилеп

Шекеринска: Русија е главна закана за НАТО – зголемување на одбранбените буџети е историска потреба