Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Меси подобри уште еден рекорд

Меси подобри уште еден рекорд
300x250 opst2

Мајорка, 14 јуни 2020 (МИА) – Очигледно пандемијата од коронавирус не ја исцеди силата на ѕвездата на Барселона, Лео Меси.

Аргентинецот ја надмина повредата од пред една недела и го постигна четвртиот гол во победата како гостин над Мајорка со 4:0.

Мечот беше прв за „Каталонците“ по рестартот на Ла Лига. Покрај Меси, погодија и Артуро Видал (2), Мартин Брајтваит (37) и Жорди Алба (79).

Со својот гол против Мајорка, Аргентинецот подобри уште еден рекорд, бидејќи веќе има 20 гола во досегашниот шампионат, но тој стана првиот фудбалер во историјата на шпанскиот шампионат, кој во 12 последователни сезони постигнал 20 и повеќе голови.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Јокиќ прогласен за најдобар играч во НБА според анкетата на ЕСПН

На Матка ќе се одржат две кола од Светскиот куп во кајак на диви води

Распродадени билетите за македонските фанови за дуелот со Белгија во Гент