Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Меркел: Не ветуваме дека ќе ги олесниме мерките за Божик и Нова година

Меркел: Не ветуваме дека ќе ги олесниме мерките за Божик и Нова година
300x250 opst2

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека ограничувачките мерки за намалување на ширењето на коронавирусот во Германија ќе бидат во сила до крајот на декември, можеби и подолго.

„Со оглед на големиот број инфекции, претпоставуваме дека ограничувањата што се во сила пред Божиk ќе продолжат да важат до почетокот на јануари, веројатно за поголемиот дел од Германија“, рече таа.

Меркел рече дека зголемувањето на бројот на нови случаи на коронавирус, како и смртни случаи, е причина за загриженост.

„Мораме да кажеме, за жал, дека не можеме да ветиме дека ќе ги олесниме мерките за Божиk и Нова година“, рече канцеларката.

Таа додаде дека експоненцијалниот раст на инфекцијата е запрен и дека тоа е делумен успех, но дека не може да биде задоволен со тоа, пренесува „Билд“.

Меркел рече дека вакцините може да пристигнат пред Божик.

Шефот на нејзиниот кабинет, Хелга Браун, исто така изјави за телевизијата РТЛ денес дека правилата што ги ограничуваат социјалните контакти можат да бидат на сила подолг временски период.

„Ни претстојат тешки зимски месеци. Ова ќе продолжи до март. По март, јас сум оптимист затоа што повеќе луѓе веројатно ќе можат да се вакцинираат”, рече таа.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД му ветија безбедносни гаранции на Катар, по неодамнешниот израелски напад во Доха

Хамас бара точен рок за повлекување на Израел од Газа и гаранции за завршување на војната

Орбан има неочекувани потенцијални сојузници во обидот да ја задржи Украина надвор од ЕУ