Утрински Весник
Спорт

Медведев нема да добие дозвола да игра на Вимблдон

Медведев нема да добие дозвола да игра на Вимблдон
Dik 300x250 mk

Данил Медведев, вчера доживеа елиминација од мастерсот во Индијан Велс и остана без првото место на АТП листата, а претпладнево го дочека со загрижувачки информации од Велика Британија.

Британија ја разгледува опцијата да му забрани на тенисерот од Русија да учествува на Вимблдон.

Новинарот на „Тајмс“, Крис Смит, пишува дека Медведев ќе мора да исполни неколку услови за да добие дозвола да игра на Отвореното првенство на Велиа Британија.

Медведев треба да обезбеди гаранции дека не го поддржува Владимир Путин и неговата политика.

Данил Медведев, на почетокот на руската инвазија врз Украина, јасно кажа дека се противи на војната. Прашање е какви гаранции ќе бидат прифатени од Британците и доколку се случи тоа, какво влијание ќе има врз неговиот статус во татковината.

Вториот услов нема да му биде тешко да го исполни. Не треба да го користи руското знаме. АТП меѓу првите им забрани на руските спортисти да ги користат државните симболи.

Британскиот министер за спорт, Најџел Хаделстон, рекол дека Вимблдон разговара со сите тенисери и тенисерки од Русија и дека наскоро ќе биде донесена одлука околу нивниот статус.

Вимблдон оваа година ќе се одржи од 27.јуни до 10.јули.

> Медведев нема да добие дозвола да игра на Вимблдон <

Можете да прочитате

Рељиќ со победа над Бразил и нефер пораз од Кина на Светско првенство Г-14

Ракометниот спектакл на задоволство на ракометната публика

Доживотна суспензија за фудбалерите-тепачи од Слупчане