Утрински Весник
Македонија

МВР го информираше ОЈО за текот на активностите за дивоградбата кај „Мавровка“

МВР го информираше ОЈО за текот на активностите за дивоградбата кај „Мавровка“
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал при Бирото за јавна безбедност, изминатиов период применувајќи ги неопходните мерки и активности од делокругот на својата надлежност, интензивно работеше во насока на утврдување на постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,бесправно градење” кое што се гони по службена должност во реонот на Трговскиот центар „Мавровка“.

По исрцпување на сите истражни мерки и активности во насока на откривање и документирање на кривично – правниот настан, денеска 07.08.2020 (петок), од страна на СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал до Основното јавно обвинителство Скопје беше поднесен соодветен акт од сите досега преземени мерки и активности во врска со кривично-правниот настан „бесправно градење“, кој што се однесува на членот 244-а од Кривичниот законик.

Заради утврдување на елементи на постоење основи на сомнение за сторени кривични дела, кои што се гонат по службена должност, а се однесуваат на предметниот кривично-правен настан, СВР Скопје ќе продолжи и понатаму со преземање на соодветни мерки и активности од делокругот на својата надлежност.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

ЛДП: Измените на Кривичниот законик се само уште едно „крпење” на правниот систем

ВМРО-ДПМНЕ: СДСM се исплашени зошто се дозна дека лажат за мигранти, Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ не е неуставна

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината