Утрински Весник
Свет

Масакр во Перу: 14 лица убиени, меѓу нив и две деца

Масакр во Перу: 14 лица убиени, меѓу нив и две деца

Четиринаесет лица, меѓу кои и две деца, беа убиени од огнено оружје во перуанска област каде се произведува кокаин, а вооружените сили се сомневаат дека напаѓачите се членови на маоистичката бунтовничка група „Брилијантен пат“.

Убиените се жители на селата Сан Мигел дел Ене, на југот на земјата, што е центар за производство на кокаин во Перу. Владата тврди дека „Брилијантен пат“, маоистичка бунтовничка група која се бореше со перуанската армија од 1980 до 2000 година, сè уште е активна во областа, предизвикувајќи илјадници жртви.

„На местото на нападот се пронајдени летоци со кои жителите се повикуваат да не учествуваат на изборите во 2021 година“, се вели во соопштението на армијата, обвинувајќи ја за нападот бунтовничката група предводена од Виктор Квиспе Паломино.

Бунтовниците ги запалиле телата на некои од жртвите до степен да не се препознаваат, објави денеска перуанската армија, пренесува Ројтерс.

Летоци што ги повикуваат Перуанците да се воздржат од гласање на претседателските избори се најдоа на местото на масакрот, се вели во соопштението на вооружените сили на Перу.

Војската ги нарече убиствата „чин на геноцид“ и рече дека бунтовничката група „Брилијантен пат“ претходно ваквите напади ги оквалификува како форма на „социјално чистење“.

Во соопштението на вооружените сили, граѓаните на Перу се уверуваат дека ќе имаат „безбеден изборен процес“.

„Веројатно ќе има уште убиени“, изјави полицискиот командант. Големиот планински регион каде што се случи масакрот е центар на постојани операции на безбедносните сили против остатоците од групата „Брилијантен пат“, за кој полицијата смета дека се главни за шверцот со дрога.

Можете да прочитате

Четириесет тела со траги на мачење пронајдени во болница во Дамаск

Годинава во светот загинаа 104 новинари, Газа најопасна зона

Падот на Асад ги доведе во неизвесност сириските бегалци во ЕУ