Составот на новоформираниот Стратешки совет за надворешна политика на Министерството за надворешни работи кои денеска беше промовиран произлегува од академската заедница, дипломатијата, безбедноста, бизнис заедницата, невладини организации и други сектори во државата.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи да партиципираат во изработката на Стратегијата за надворешната политика „Рефлексија 2030„ доверба им даде на универзитетските професори: Нано Ружин, Марјан Ѓуровски, Сашо Георгиевски, Абдулменаф Беџети, академик Луан Старова, Ризван Сулејмани. Бизнис заедницата е претставена од Живко Мукаетов, генерален директор на фармацевската компанија Алкалоид, Лазим Дестани, Ајдован Адемовски.
Во тимот се и поранешните министри за надворешни работи Денко Малески и Срѓан Керим, за одбрана Лазар Еленовски. Свое место во тимот имаа и дипломатите Мухамед Халили и Виктор Габер, како и Драган Тилев експерт за европски прашања, Тони Поповски експерт за екологија.
Од невладиниот сектор во стратешкиот совет се Гордан Горѓиев, Марко Трошановски, Симонида Кацарска, Андреја Стојковски. Меѓу другите во советот ќе партиципираат и Ивана Туфегчиќ, Арбен Раткоцери, Ѓакуш Кабаши, Ана Крстиновска, Ардита Абази-Имери, Валентина Божиновска.
„Ова ќе биде советодавно тело на Министерството за надворешни работи.Се работи за квалитетни луѓе,добри познавачи на надворешната политика. При изборот внимавав да добиеме широка експертиза, да бидат лица кои се ослободени од притисокот на дневната политика. Спремен сум да ги вкрстиме различните ставови за да изградиме заеднички став”, рече министерот Бујар Османи на прес-конференцијата.