Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Малески, Ѓуровски, Ружин, Мукаетов, Беџети дел од Стратешкиот совет за надворешна политика

300x250 opst2

Составот на новоформираниот Стратешки совет за надворешна политика на Министерството за надворешни работи кои денеска беше промовиран произлегува од академската заедница, дипломатијата, безбедноста, бизнис заедницата, невладини организации и други сектори во државата.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи да партиципираат во изработката на Стратегијата за надворешната политика „Рефлексија 2030„ доверба им даде на универзитетските професори: Нано Ружин, Марјан Ѓуровски, Сашо Георгиевски, Абдулменаф Беџети, академик Луан Старова, Ризван Сулејмани. Бизнис заедницата е претставена од Живко Мукаетов, генерален директор на фармацевската компанија Алкалоид, Лазим Дестани, Ајдован Адемовски.

Во тимот се и поранешните министри за надворешни работи Денко Малески и Срѓан Керим, за одбрана Лазар Еленовски. Свое место во тимот имаа и дипломатите Мухамед Халили и Виктор Габер, како и Драган Тилев експерт за европски прашања, Тони Поповски експерт за екологија.

Од невладиниот сектор во стратешкиот совет се Гордан Горѓиев, Марко Трошановски, Симонида Кацарска, Андреја Стојковски. Меѓу другите во советот ќе партиципираат и Ивана Туфегчиќ, Арбен Раткоцери, Ѓакуш Кабаши, Ана Крстиновска, Ардита Абази-Имери, Валентина Божиновска.

„Ова ќе биде советодавно тело на Министерството за надворешни работи.Се работи за квалитетни луѓе,добри познавачи на надворешната политика. При изборот внимавав да добиеме широка експертиза, да бидат лица кои се ослободени од притисокот на дневната политика. Спремен сум да ги вкрстиме различните ставови за да изградиме заеднички став”, рече министерот Бујар Османи на прес-конференцијата.

Можете да прочитате

„Бранкојавление“ во Охрид – ЗНАМ како се продава сопствениот код

Филипче: Најновите економски податоци се алармантни, денеска ќе ги објавам за граѓаните да ја знаат вистината

Отворен повикот за натпреварот „Средношколец милионер“, најдобрата средношколска бизнис идеја ќе добие 1 милион денари