Утрински Весник
Свет

Макрон го назначи составот на новата француска влада

Dik 300x250 mk

Претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска ја назначи актуелната амбасадорка на Франција во Велика Британија, дипломатот од кариера Катрин Колона за нов министер за надворешни работи на земјата, соопшти Елисејската палата.

Актуелните министри за финансии и економија Бруно Ле Мер и за внатрешни работи Жерар Дарманен ќе останат на функцијата, додаде генералниот секретар на Елисејската палата додека го читаше новиот состав на владата, потврдувајќи ги претходните извештаи, пренесе „Ројтерс“.

Министерката за индустрија во заминување Ања Пание-Рунаше ќе го преземе новиот министерски ресор за енергетска транзиција, соопшти Елисејската палата.

Амели де Моншелен е назначена за нова министерка за животна средина и климатско планирање.

Тие ќе бидат одговорни за својата работа пред Елизабет Борн, која Макрон ја избра за нова премиерка во понеделникот.

Таа е втора жена на таа позиција во Франција.

Можете да прочитате

Мајка ми не е маж, вели ќерката на Брижит Макрон

Половина од светот остана без интернет

Под урнатата зграда во Турција има две жртви, кучиња трагаат по останатите три лица кои се уште се живи