Утрински Весник
Магазин

КФЦ лансира конзола за игри со вграден грејач за пилешко

Синџирот за брза храна Kentucky Fried Chicken (KFC) лансира гејмерска конзола што загрева пилешко.

„Комората за пилешко месо ќе ја задржи содржината топла, подготвена за конзумирање во текот на интензивните игри“, соопшти КФЦ.

Американската компанија објави дека конзолата е дизајнирана од глобален производител на хардвер и може да игра игри од највисоко ниво како и другите машини за игри.

Многу луѓе сметаа дека гејмерската конзола е лажна маркетинг кампања кога беше откриена во јуни.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ново истражување: Пестицидите од храната завршуваат во телото

Од музеј во Парма украдени три слики вредни околу девет милиони евра

Италијански остров нуди 15.000 евра за преселба и месечен надоместок за деца