Утрински Весник
Македонија

Кривични за двајца охриѓани – инспекторите им забраниле да градат на диво, тие ја отстраниле лентата и продолжиле

Кривични за двајца охриѓани – инспекторите им забраниле да градат на диво, тие ја отстраниле лентата и продолжиле
Dik 300x250 mk

Охридската полиција поднесе кривична пријава против Г.Б.(57) и В.Б.(58), двајцата од охридското село Велестово поради сомнение за сторени кривични дела бесправно градење и симнување или оштетување на службен печат или знак.

Пријавените, во текот на годинава на катарстарска парцела во селото, без дозвола и одобрение од надлежен орган, започнале градба на станбен објект.

По извршениот инспекциски надзор, овластен градежен инспектор донел решение за отстранување на градбата, а на градилиштето поставил службена лента за негово затворање. Пријавените, неовластено и незаконски ја отстраниле лентата, по што продолжиле со градежните активности.

Можете да прочитате

Се апси низ Прилеп – меѓу уапсените бивши функционери и директори на болницата

Томовски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, апсолутен победник на локалните избори

Пандов: Осуденици се однесуваат како во хотел, државата ги чини по 1.000 евра месечно