Утрински Весник
Свет

Крвави судири на затвореници во затвор во Еквадор, загинаа 58 луѓе

Крвави судири на затвореници во затвор во Еквадор, загинаа 58 луѓе

Најмалку 58 затвореници се убиени во судири на бандите во најголемиот затвор Литорал, а уште десетина се повредени, соопшти денеска владата на Еквадор.

Во соопштението се наведува дека полицијата утрово го презела овој притворски центар за да ја преземе контролата врз ситуацијата, а власта за насилството ги обвини конфликтите меѓу нарко групите кои се борат за превласт во затворот.

Луѓето кои живеат во близина на затворот во крајбрежниот град Гвајакил пријавиле повеќечасовни непрестајни пукотници и експлозии, кои доаѓале од објектот, а полицискиот извештај што го прегледал АП вели дека покрај 58-те убиени, 12 затвореници биле повредени и запленети експлозиви и оружје.

Новото насилство доаѓа во време кога еквадорскиот претседател Гиљермо Ласо прогласи вонредна состојба во земјата во средината на октомври во траење од 60 дена, со цел да се спречи шверцот и употребата на дрога, бидејќи само оваа година во земјата беа запленети 147 тони наркотици.

Најлошиот конфликт на банди во еквадорските затвори досега се случил на почетокот на октомври, а во таа прилика беа убиени 118 лица.

Можете да прочитате

Oграничена употребата на мобилни телефони во училиштата во Финска

Украински напади со беспилотни летала на југот на Русија, најмалку три лица загинаа

Лавров: Разговорот за украинското прашање меѓу Русија и САД дава резултати