Утрински Весник
Свет

Крамп-Каренбауер: Русија е сè поголем безбедносен предизвик за ЕУ

Крамп-Каренбауер: Русија е сè поголем безбедносен предизвик за ЕУ

Германската министерка за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер изјави дека однесувањето на Русија е се поголем предизвик за ЕУ.

Таа рече дека Германија треба да ги зголеми алокациите за системот за национална одбрана во свој интерес, а не како „концесија на Соединетите држави“.

“Предизвиците со нови технологии растат, како и оние со хибридни закани, но и како регионален проблем кога како пример ќе се земе однесувањето на Русија. Германија често е во фокусот на нападите што можат да бидат поврзани со Русија”, рече германската министерка за одбрана , не наведувајќи примери за своите тврдења, објави ТАС.

Рускиот заменик министер за одбрана Александар Грушко на 22 март рече дека Русија е подготвена за конструктивна и прагматична интеракција но само врз основа на еднаквост и взаемно почитување во односите со ЕУ и дека сите обиди со Русија да се разговара од позиција на сила и дополнителни санкции ќе биде апсолутно контрапродуктивно.

Можете да прочитате

Речиси две третини од Полјаците се против испраќањето војници во Украина

Во Англија се урна хеликоптер

Во израелските воздушни напади врз Газа загинаа најмалку 15 луѓе, меѓу кои и четворица новинари