Утрински Весник
Македонија

Кочанчанец тешко повреден со пиштол поради расправија за наводнување на нива

Кочанчанец тешко повреден со пиштол поради расправија за наводнување на нива

Во вечерните часови на 30 јули во Кочани бил усапсен 70-годишниот А.Д., кој со огнено оружје тешко повредил свој соселанец поради расправија за наводнување на нива.

Полицијата претходно добила пријава од Итната медицинска помош од Кочани дека околу 19:00 часот, на местото викано „Горно Подлошко“, во атарот на кочанското село Тркање, по расправија околу наводнување на нива, 70-годишникот со пиштол пукал кон 49-годишен соселанец.

Повредениот во болницата објаснил дека бил погоден во стапалото, а потоа бил и физички нападнат. Тој се здобил со тешки повреди констатирани во Медицинскиот центар во Кочани.

При апсењето, полицајците од А.Д. одзеле пиштол „застава М70“ калибар 7,65 милиметри, празна рамка, куршум и лопата.

За настанот е известен Јавен обвинител, а увид извршила екипа од полициската станица Кочани, од каде преземаат мерки за расчистување на случајот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Директорот на БЈБ Јанев во работна посета на СВР Тетово       

Николоски: До 2026 година ќе имаме нови модерни гранични премини на Деве Баир и Ќафасан

Министерството за здравство излезе со детали за починатото бебе