Утрински Весник
Македонија

Коцевски: Велес веќе не е задолжена општина

Велешките советници во иднина ќе добиваат надомест во зависност од нивното присуството на седници

Велес 13 февруари 2020 (МИА) – Општина Велес ги врати сите долгови кои ги имаше кон ЈКП „Дервен“ и кон другите побарувачи и веќе не е задолжена општина. Од лани во годинава пренесе и 40 милиони денари од Владата за изградба на затворен градски пазар и уште 30 милиони денари за недовршени градежни работи, или вкупно 70 милиони денари, информира на денешната прес конфереција градоначалникот Аце Коцевски.

Тој информира дека во 2016 година за  репрезентација биле потрошени 970.351  денар, а лани само 128.397 денари што е помалку  за повеќе од четири пати. За гориво во 2016 година биле потрошени 1.044.941 денар, а лани 794.816 денари.

Воедно и патните расходи лани се двојно помалку , 678. 779 денари споредно со 2016, кога биле 1. 374. 564 денари.

– Во 2016 година капиталните расходи биле 80.165.165 денаи, а лани 62.464. 556 денари, посочи Коцевски.ад/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Клековски на Регионалниот комитет на СЗО во Копенхаген: Превенцијата и дигиталното здравство се меѓу македонските приоритети

Митева: Владата формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

Со македонски пасош олеснето може да се патува во 114 држави во светот