Утрински Весник
Спорт

Кирјос е „ѕвер“ – спаси пет меч топки за полуфинале во Вашингтон

Ник Кирјос излезе како победник во неверојатниот трилер-меч против Френсис Тиафоу во четврт-финалето на Вашингтон опен, спасувајќи пет меч-топки за да стигне до 6:7(5)/7:6(12)/6:2 победа за петто полуфинале во последните шест турнири за него.

dobivaj vesti na viber

Откако беше блиску до освојувањето на првиот сет, поведувајќи со 5:2 во тај-брејкот, тој успеа да загуби пет поени во низа, за да стартува со негатива. Во вториот сет немаше брејкови, по што следуваше возбудливиот тај-брејк. Во него Американецот имаше пет меч топки при 6:5, 8:7, 10:9, 11:10 и 12:11, но Кирјос успеа да се одбрани за да го добие сетот со 14:12. Во одлучувачкиот сет, финалистот од Вимблдон беше импресивен за победа по 2 часа и 29 минути.

Следен за Кирјос е Швеѓанецот Микаел Имер, 115-рангираниот тенисер на светот.

Можете да прочитате

Сенегал ќе се жали на одлуката за доделување на Африканскиот куп на нации на Мароко

ФИФА не размислува да го премести Иран од САД во Мексико

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027