Утрински Весник
Спорт

Канаѓанките ја вратија олимписката титула во хокеј

Канаѓанките ја вратија олимписката титула во хокеј
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Женската репрезентација на Канада во хокеј го освои златниот медал на Зимските олимписки игри во Пекинг. Канада ги победи САД, во големото финале со 3:2. Со оваа победа, Канаѓанките им се реваншираа на големите ривали за поразот во Пјонгчанг пред четири години.

Канада е најтрофејната нација во женскиот хокеј. На досегашните седум одржани олимписки турнир, Канаѓанките освоиле пет златни медали, вклучувајќи го и медалот во Пекинг.

Канда по првата третина стекна предност од 2:0 со головите на Сара Нурс и Мери-Филип Пулан. На почетокот на втората третина, Пулан со својот втор гол ја однесе Канда на предност од 3:0.

Американките немаа намера да се предадат, во финишот на третината на 3.1 намали Хилари Најт. Во последната третина Американките играа подобро, но не успеаја да направат пресврт, успеаја само да го намалат резултатот на 3.2 преку Аманда Кесел.

Бронзата во Пекинг ја освои селекцијата на Финска.

> Канаѓанките ја вратија олимписката титула во хокеј <

Можете да прочитате

Мурињо може да го стопира трансферот на Отаменди во Барселона

Ново шоу и трипл-дабл на Јокиќ во победа на Денвер

Муарем нов тренер на Работнички