Утрински Весник
Македонија

Камчев уште во судот, обвинителката која бара притвор , замина низ гаражите

Камчев уште во судот, обвинителката која бара притвор , замина низ гаражите

Обвинителката Лиле Стефанова која го застапува предметот поврзан со плацевите на Водно и која побара притвор за Орце Камчев, без да даде изјава, од гаражите, го напушти Кривичен суд.

Таа излезе со службено возило на Обвинителството.

Засега нема информација за исходот од барањето на Обвинителството, на Камчев да му се определи ефективен притвор.

Инаку, поради опасност од бегство, а по добиена информација од Агенцијата за национална безбедност, Обвинителството побара притвор за Камчев.

Распитот траеше скоро три часа. Камчев засега и натаму е во судот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нови детали за велешката трагедија: Жртвата повеќепати пријавувала насилство

ИЈЗ: Нема отстапки во вредностите за радијација во воздухот и почвата по пожарот во Трубарево

Мицкоски: Експертите велеа дека најмалку 7 дена ќе се гасне пожарот во Трубарево, ние го изгасивме за помалку од 30 часа