Утрински Весник
Спорт

Камбекот на Серена на Вимблдон заврши со пораз по тричасовна драма

Освојувачката на 23 гренд слем титули, Серена Вилијамс се врати на својот омилен терен, „Централниот терен“ на Вимблдон, за во драматичен меч кој траеше повеќе од три часа да загуби со 7:5/1:6/7:6(10:6) од Французинката Хармони Тан, за да најави дека крајот на кариерата можеби е на повидок.

40-годишната Американка паузираше од тенисот речиси 12 месеци, по повредата која ја доби во првото коло на минатогодишниот Вимблдон против Алиаксандра Саснович, пред минатата недела да се врати во игра во двојки на подготвителниот турнир во Истбурн.

Против Тан, таа имаше лош почеток, губејќи на свој сервис во првиот гем, но потоа во променлива игра, таа направи два брејка, кои беа залудни и Французинката го освои првиот сет. Но, борбеноста на Американката најдобро се покажа во вториот сет, кога во маратонскиот гем од 15 минути направи брејк за 2:0 предност и потоа рутински го освои со 6:1.

И во третиот сет, Тан не се откажа, меѓутоа Серена стигна до клучниот брејк за 5:4 водство, за да сервира за победа, пред Тан да направи рибрејк и потоа да пропушти две меч топки, пред Вилијамс да примора тај-брејк, во кој имаше 4:0 предност, пред да и дозволи на Французинката да ја оствари својата најголема победа во кариерата.

Во второто коло влезе и грчкиот ас, Стефанос Циципас, кој го победи упорниот Швајцарец, Александер Ричард со 7:6(1)/6:3/5:7/6:4.

> Камбекот на Серена на Вимблдон заврши со пораз по тричасовна драма <

Можете да прочитате

Карло Анчелоти откри кои играчи на Реал Мадрид одбиле да шутираат пенали

Кристијано Роналдо доби спор против Јувентус, еве колку пари треба да му плати славниот клуб

Филаделфија избори плејофот – 24info.mk