Утрински Весник
Македонија

Казнети 204 возачи во Скопје, од кои 118 за брзо возење

Казнети 204 возачи во Скопје, од кои 118 за брзо возење

Полицијата вчера казни 204 возачи во Скопје, од кои 118 за брзо возење, соопшти Министерството за внатрешни работи.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 204 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 118 санкции, 26 за возење под дејство на алкохол, 13 за возење без возачка дозвола, шест прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, седум за возач почетник“, соопшти МВР.

Од таму најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.

Можете да прочитате

Ивановска открива: И покрај официјални записници за затворање, угостителски објекти во Скопје работеле без прекин

Лабовиќ: Јавното обвинителство е заробено во дисфункционалности

Мицкоски: Продолжување на реформскиот процес со јасни рокови и конкретни резултати