Утрински Весник
Македонија

Казнети 155 возачи во Скопје

Казнети 461 возач во Скопје  

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 155 мерки, од кои 8 за возење без возачка дозвола, 6 за нерегистрирани и технички неисправни возила, 9 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 3 санкции за управување под дејство на алкохол, 5 за користење на мобилен телефон и 8 мерки за некористење на сигурносен појас.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, се вели во соопштението.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Платформата 12:05 бара државен план за Македонија да се приклучи кон Албанија и Црна Гора на патот кон ЕУ

ХЕРА: Европската комисија предупредува – антиродовите наративи, дезинформациите и институционалната неефикасност ги загрозуваат човековите права и демократијата

Сончеви периоди и утринска магла: Денеска до 18 степени, викендот носи постудени утра