Утрински Весник
Свет

Италијанец добивал плата 15 години, а ниту еднаш не дошол на работа

Италијанец добивал плата 15 години, а ниту еднаш не дошол на работа

Еден човек, вработен во локална здравствена установа во калабрискиот град Катанзаро, добивал плата 15 години, а притоа никогаш не се појавил на работа. Тој бил вработен во одделот за итни интервенции во случај на пожар, а за тоа време заработил повеќе од половина милион евра.

Полицијата ги прегледала картичките за присуство на работа и открила дека 66-годишниот Салваторе С. никогаш не дошол на работа за која земал редовна плата, а за да обезбеди такво нешто, Салваторе повеќепати испраќал „трето“ лице кое им се заканувало на газдите, колегите и членовите на нивните семејства, ако не му дозволат на Салваторе да не работи а да прима плата, пренесува Анса.

Обвинителството ги истражува деталите за случајот, а покрај „серискиот неработник“, како што го дефинира локалниот печат, обвинети се уште 6 вработени во здравствената установа, меѓу кои и двајца шефови.

Можете да прочитате

Иран погуби младо момче кое учествувало во антивладините протести

Денеска се одбележува Светскиот ден за подигање на свеста за аутизмот

НАСА го лансираше „Артемис II“, првиот лет со екипаж до Месечината по повеќе од 50 години