• Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
сабота, февруари 27, 2021
Не се пронајдени резултати
View All Result
Утрински Весник
  • Македонија
  • Бизнис
  • Свет
  • Култура
  • Спорт
  • Здрав Живот
  • Магазин
  • Технологија
  • Моја Кујна
  • Македонија
  • Бизнис
  • Свет
  • Култура
  • Спорт
  • Здрав Живот
  • Магазин
  • Технологија
  • Моја Кујна
Не се пронајдени резултати
View All Result
Утрински Весник
Не се пронајдени резултати
View All Result

Инцијатива за промени: ВМРО-ДПМНЕ има обврска да ги врати загубените 150.000 гласови

18-Фев-2021 15:15
во Политички Партии
Нова аудио снимка на Мицкоски и Кичеец: Сашо даде два пати по 5.000 евра за автобусите за митингот на 2 јуни

Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, односно противници на раководењето на Христијан Мицкоски со партијата, како и неговите политики денеска го повика претседателот на партијата да се појави на 17-от Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ што го свика иницијативата за промени. Истовремено го повикаа да објасни дали навистина обезбедил парламентарно мнозинство. Тие, исто така, му порачаа на Мицкоски дека партијата има обврска да ги врати загубените 150.000 гласови што „испариле“ од изборите во 2016 до изборите во 2020 година.

„Без сплотена и обединета ВМРО-ДПМНЕ, власта ќе продолжи да се чувствува комотно, а нејзината неодговорност ќе оди на штета на сите граѓани и државата. ВМРО-ДПМНЕ треба да биде пример како се работи отчетно и одговорно. Тој пример треба да го покаже сѐ уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски со појавување пред делегатите на вонредниот конгрес закажан за 28 март во Скопје. Неговото одбивање да се соочи со сопартијците кои му ја дадоа довербата на вонредниот конгрес во Валандово, може да биде оправдување за секое идно неодговорно однесување на власта“, велат противниците на Мицкоски.

Извор: meta.mk

  • Маркетинг
  • Импресум
  • Контакт
Developed & Hosted by: IGAL Group - Online Solution

© 2020 Утрински Весник.mk | www.utrinskivesnik.mk

Не се пронајдени резултати
View All Result
  • Македонија
  • Бизнис
  • Свет
  • Култура
  • Спорт
  • Здрав Живот
  • Магазин
  • Технологија
  • Моја Кујна

© 2020 Утрински Весник.mk | www.utrinskivesnik.mk

error: