Утрински Весник
Магазин

Индонезиска зоолошка градина ќе жртвува животни за да ги нахрани месојадците

Индонезиска зоолошка градина ќе жртвува животни за да ги нахрани месојадците

Џакарта, 22 мај 2020 (/) – Управата на зоолошката градина во градот Бандунг на индонезискиот остров Јава соопшти дека наскоро ќе треба да жртвува некои животни од зоолошката градина за да ги нахрани месојадците кои се на работ на глад.

Поради воведување на рестриктивни мерки, зоолошката градина беше затворена на 23 март и на тој начин остана без приходи од посети, но досега успеа да набави храна со пари од донации.

– Имаме околу 30 елени и издвоивме неколку стари и немоќни грла да послужат како храна на нашите месојадци, како што е тигарот од Суматра и леопардот од Јава, изјави претставникот на зоолошката, Сулхан Сијафи.

Сијафи додаде дека раководството се подготвува за најлошото сценарио, бидејќи станува се потешко да се обезбедат 400 килограми овошје и 120 килограми месо дневно за 85 животни од зоолошка градина. ки/гт/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хуманитарна новогодишна изложба на олдтајмер клубот ВМ Класик во Џевахир Мол

Млада Месечина во Стрелец на 19 декември: Што ги очекува хороскопските знаци?

Доаѓа Свети Никола – овие две работи не треба да ги правите