Утрински Весник
Магазин

Извидничка продава колачиња и на 98 години

Извидничка продава колачиња и на 98 години

Лос Анџелес, 14 февруари 2020 (/) – Цели 88 години, колку што е членка на женското извидничко друштво во Пенсилванија, Американката Вероника – Рони Бекенстоу продава колачиња, во својата зелена униформа.

Таа проживеала мигови за коишто многумина од нас само прочитале. Со сите тие авантури и приказни, животот ѝ бил доста исполнет, но оваа речиси стогодишна бабичка сè уште не сака да ја прекине својата традиција да продава колачиња…

– Можеби е малку постара од своите другарки извиднички, но нејзината енергија е недостижна. Издржливоста и бистриот ум ѝ се неповторливи, нагласи Барбара Ален Перели, предводничка на групата.

Рони првпат се придружила во извидници кога имала само 10 години.

– Станав извидничка во 1932 година. Тогаш мајка ми ми дозволи. Едвај чекав да тргнам, раскажува Рони.

Да се биде извидник, честопати значи и да се шета по светот. Така, таа била и на Јамајка и во Швајцарија. Тоа за неа „не било само хоби, туку и начин на живот“.

Таа инаку студирала музика и знае да свири на оргули, клавир, кларинет и труба. Но сепак, не отстапува од тоа дека продавањето колачиња ѝ е подраго од сè друго. си/ми/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Почина Мишо Ковач – 24info.mk

Хали Бери ја изгуби судската битка по обвинувања дека го давела својот син, момчето ќе живее со татко му

Брајан Адамс со песна го критикува претседателот Трамп поради преименување на езерото Онтарио