Утрински Весник
Спорт

Игуаин: По финалето на Мундијалот во 2014 година, сакав да ја прекинам кариерата, но мајка ми ме натера да продолжам

Јувентус му ја зеде „деветката“ на Игуаин

Торино, 26 април 2020 (МИА) – Напаѓачот на Јувентус и репрезентацијата на Аргентина, Гонзало Игуаин изјави дека бил подготвен да ја заврши кариерата по неуспехот во финалето на Мундијалот 2014 година.

– Секогаш жалем што се затворив и не излегов, плашејќи се од она што луѓето би можеле да го кажат. Да, точно дека не ја постигнавме нашата цел, но стигнување до три финалиња не е неуспех. Јас требаше да ја прекинам кариерата, но мајка ми ми рече да продолжам. Ако тоа зависеше од мене, јас ќе го напуштев фудбалот. Таа рече дека нема да дозволи да го оставам она што го сакам, изјави Игуаин.

Светското фудбалско првенство во Бразил 2014 година го освои Германија која во финалето ја совлада Аргентина со 1:0. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Познати сите учесници на Светското фудбалско првенство 2026

Драма до крај: Босна ја шокира Италија, Чешка ја елиминира Данска

Македонија без голови во Даблин – нападот повторно разочара